Кочо Димитровски доби награда за животно дело на „Симпосар“ во Сараево, меѓу најголемите легенди од екс-ју просторот

Легендата на македонскиот фудбал Кочо Димитровски доби награда за животно дело на 12. меѓународен симпозиум за спорт ,,Симпосар 2023″ кој се одржа во Сараево, БиХ.

Поранешен капитен на Вардар, Кочо Димитровски, кој има одиграно 845 натпревари за најтрофејниот македонски клуб, го доби престижното признание за сиот свој допринос за македонскиот фудбал но и фудбалот во регионот.

Димитровски се најде во друштво на најголемите имиња од поранешна Југославија кои го добија ова признание а меѓу кои и актуелниот селектор на Хрватска, Златко Далиќ.

Покрај Далиќ и Кочо Димитровски, и поранешните фудбалери Ивица Шурјак, Раде Богдановиќ, Милош Шестиќ, Мехмед Баждаревиќ, Ненад Бјековиќ, Иван Гудељ, но и кошаркарските легенди Тони Кукоч, Божидар Маљковиќ, Стојко Вранковиќ…

Во рамките на овој настан беше промовиран и документарниот филм за кошаркарската легенда Тони Кукоч.

Се вчитува...