Кочоски: Се враќам во мојот Охрид, но сега со желба за победа со Силекс

По двонеделната пауза во домашните фудбалски натпреварувања поради настапите на националните селекции, денеска повторно на сцена и натпреварите од Првата македонска фудбалска лига.

Кратовски Силекс по триумфот над Шкупи денеска од 15 часот гостува во Охрид кај Воска Спорт, верувајќи дека може да продолжи со победите во првенството.

„Имаме квалитетен тим, но тоа треба да го докажуваме со бодови и на гостински терен. Дуелот со Воска е добар момент за тоа“ – вели летното засилување на Силекс, охриѓанецот Валентин Кочоски, притоа дополнувајќи:

„Чувството да се настапува во Охрид за мене е одлично и како што кажав очекувам конечно да почнеме да освојуваме бодови на гости“.

ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
Струмица: АП БРЕРА – БЕСА
Скопје: ГОСТИВАР – ВАРДАР
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
Битола: ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТЛ
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС

Се вчитува...