Кочов: Дојдете да го бодрите МЗТ со Ловќен, нема да ве разочараме

МЗТ Скопје по поразот во Словенија од Приморска утре се враќа на домашен терен во АБА2 лигата, пречекувајќи го црногорскиот претставник Ловќен (19 часот). Јасно е дека од македонскиот претставник се очекува триумф на овој дуел, а тренерот Ѓорѓи Кочов гласно ги повика навивачите да дојдат во што поголем број и да им дадат поддршка на неговите избраници.

„Станува збор за екипа која никако не смееме никако да ја потцениме. Очекувам од моите играчи влезат со максимален пристап во натпреварот и да продолжат да го даваат тоа што од нив се очекува. Исто така, помошта од публиката е секогаш од големо знашење за нашата екипа. Им ветуваме на сите наши фанови кои ќе дојдат да нѐ бодрат, дека дома нема да си заминат разочарани од нашата борбеност и залагање“, вели тренерот Ѓорѓи Кочов.

Црногорците со минимална победа над Рогашка (72-71) ја почнаа сезоната во АБА2, по што следеа два порази во низа и тоа од Сутјеска (71-81) на гости и Спарс (68-74) на домашен терен. Билетите за утрешниот меч против Ловќен се пуштени во продажба по цена од 50 денари.

Се вчитува...