Макеоднскиот кошаркарски тренер, Ѓорѓи Кочов кој работи како дел од стручниот штаб на германскиот Кемниц стигна до титуалта во ФИБА Еврокупот.
Германскиот тим до трофејот во финалето од четвртото по ранг европско натпреварување стигна со победата во финалната серија над турскиот Бахчешехир. Иако, Германците вечерва загубија на гостувањето во Турција по продолженија со 105-95 победата во првиот меч одигран во Германија (85-74) беше доволна за на крајот да го подигнат трофејот во ова натпреварување.
Кемниц е одличен сезонава и во домашниот шампионат, каде во моментов се наоѓа на третото место, а пред нив се само евролигашите Баерн Минхен и Алба Берлин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА