Ѓорѓи Кочов пристигна на клупата на МЗТ во најлош можен момент за аеродромци, се обиде да ја консолидира ситуацијата, но не успеа во остварувањето на клучната цел – одбраната на титулата. Младиот стручњак не го криеше разочарувањето по денешниот пораз, но посочи и дека тоа е своевидна казна за пристапот на МЗТ Скопје во последните месеци.
„Почнавме одлично, рано дојдовме и до 15 поени предност, но како што ни се случуваше и претходно, пвоторно самите се победивме. Во ова финале се боревме максимално, но сметам дека она што не бевме чесни кон кошаркарскиот спорт, тоа ни се удри од главна и затоа не успеавме да ја одбраниме титулата. Искрено ми е жал, но таков е спортот, ќе мора да продолжиме и да одиме понатаму, да гледаме напред“ – изјави Кочов по вечерашниот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА