Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, имаше причина за разочараност откако македонскиот претставник во неизвесна завршница загуби од Приморска во дерби-дуелот од 14. коло во АБА2 лигата. И без помошта на Медфорд и Младеновски, како и без Соколов кој се повреди во првото полувреме, „металците“ се вратија од двоцифрена негатива, во последната минута имаа и предност, но сепак на крајот претрпеа несреќен пораз.
„Повторно ни се случи драматичен меч како и на гостувањето во Копер. Одигравме одлично второ полувреме, бевме на чекор до победата, но потоа направивме премногу грешки во последните минути, им оставивме три отворени шутеви од кои гостите лесно реализираа и на крајот стигнаа до победата. Немаме време многу да жалиме, бидејќи веќе во следното коло пред нас е тешко гостување против Ловќен“ – изјави Кочов по натпреварот.
МЗТ Скопје по денешниот пораз има скор од 9-5 и сериозно заостанување зад Приморска, која забележа 13 победи и само еден пораз во досегашните 14 натпревари од АБА2 лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА