Поранешниот селектор на репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 18 години, Ѓорѓи Кочов, од денеска е нов помошник-тренер во стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродром.
Талентираниот стратег потпиша договор на две и пол сезонисо шесткратниот шампион и во иднина ќе работи како прв асистент на предводникот од клупата, Жарко Лукајиќ. Кочов доаѓа од таборот на Вардар, каде што одработи една ипол сезона како предводник на овој тим, прво во Првата лига, а сезонава и во второлигашка конкуренција. Претходно, освои куп златни медали со јуниорскиот и младинскиот состав на Вардар, поради што во 2016 година беше прогласен за најдобар тренер во Македонија во младинска конкуренција.
Воедно, Ѓорѓи Кочов како играч беше дел од генерацијата што се закити со првата шампионска титула во историјата на МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА