Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, беше задоволен од одличното издание на својот тим и победата на дуелот против Блокотехна. „Металците“ погодија 17 тројки, но според Кочов клучна за победата била одбраната на неговиот тим против вообичаено одличниата офанзивна екипа на Блокотехна.
Триумфот е значаен и поради намалување на притисокот во пресрет на гостувањето во Гевгелија, на вториот меч од оваа плејоф серија што ќе се игра в петок со почеток во 18.30 часот.
„На самиот почеток беше очигледен прихолошкиот притисок врз нашиот тим поради големото значење на натпреварот. Пред мечот им реков на моите играчи дека клучна ќе биде одбраната и желбата, мислам дека одговоривме на тој предизвик, примивме 74 поени, бројка што можеше да биде уште пониска ако не беше падот на концентрацијата во финишот. Сега ни се овозможува делумно поопуштено да влеземе во следниот меч во Гевгелија, знаејќи дека овојпат притисокот ќе биде врз противникот“ – изјави Кочов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА