МЗТ Скопје загуби добиен меч, па разочарувањето во таборот на актуелниот првак беше огромно по денешниот пораз во „Јане Сандански“ од вечниот ривал Работнички. Стратегот Ѓорѓи Кочов не го криеше разочарувањето од поразот, вината посочувајќи ја кај нееднаквиот судиски критериум во последната минута.
„Повторно ни се случува да го имаме мечот во свои раце, но да загубиме. Не одигравме онака како што се договоривме, но сепак ја имавме победата на дланка. Како тренер никогаш не сум коментирал судиски одлуки, но сега чувствувам дека морам да кажам дека сум разочаран од она што беше досудено во последната минута. Како може да не се досуди фаул над Дамјан Стојановски при тој последен напад, кога тој константно беше удвојуван и имаше контакт… од друга страна на една секунда до крајот се свири прекршок над Гинјард од наш играч кој има кренато раце високо во воздух. Тоа е апсолутно нееднаков критериум, што директно придонесе да го загубиме натпреварот“ – изјави Кочов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА