Дејвид Бекам во 2005 година ја посети својата фудбалска академија и се фотографираше со дел од членовите, а една од тие фотографии денеска се најде во фокусот на британската јавност. Крај Бекам се наоѓа 12-годишниот Хари Кејн, детето кое ги правеше првите фудбалски чекори, а денеска важи за еден од најдобрите голгетери во светот.
Кејн со хет-трикот на вчерашниот дуел со Саутемптон урна неколку рекорди, постигнувајќи повеќе голови во 2017 година од Лионел Меси, но и повеќе премиерлигашки погодоци од рекордното остварување на Алан Ширер.
Детето порасна и стана фудбалска мегаѕвезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА