Кога Аргентинец ќе го „предаде“ Меси…„Роналдињо“ беше подобар од него“

Роналдињо беше надарен од Бога, тој беше подобар од Лионел Меси, кој сега е најдобриот светски фудбалер. Оваа изјава на сонародникот на Меси, Аргентинецот Мартин Кардети, предизвика многу бура во фудбалската јавност, посебно во Јужна Америја. Аргентинец го „предаде“ Меси, вели дека Бразилец е поголем фудбалер од него.

Роналдињо кој сега се соочува со проблеми околу затворска казна во Парагвај, играше со Кардети заедно во ПСЖ, пред да се пресели во Барселона. Тој ја освои „Златната топка“ во 2005, има трофеи од Светско првенство, Лигата на шампионите и Ла Лига. Од друга страна, Лионел Меси има шест индивидуални награди за најдобар фудбалер во светот, како и десет трофеи во Ла Лига и четири пехари од Лигата на шампионите со Барселона. Но, се уште му недостига да се искачи на врвот на светот со селекцијата на Аргентина.

„Ако сум тренер, секогаш во мојот тим би го донел Роналдињо, пред Лионел Меси. Тој беше надарен од Бога, се забавуваше со топката на теренот, тренираше напорно за да може да изведува чуда и на натпреварите. А секој потег на тренинг и на натпревар му беше различен од претходните и посебен за разлика од сите останати на теренот. Фудбалери как0 него се многу ретки во историјата и горд сум што бевме соиграчи во Пари Сен Жермен“, изјави Мартин Кардети.

 

 

 

Се вчитува...