Кога Дончиќ и Леброн се во елемент, ривалите немаат шанса

Лос Анџелес лејкер успеа да слави на домашен терен над Мемфис со 128-121, дуел во кој брилијантни беа двајцата најдобри кошаркари на „езерџиите“, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс. Словенецот повторно го предводеше својот 34 поени, 6 скокови и 8 асистенции, а огромна помош пристигна токму од Леброн Џејмс, кој со 31 поен и 9 скокови го одигра својот најдобар меч сезонава.

Оклахома Сити одигра шампионски на гостувањето против Голден Стејт, триумфирајќи со преубедливи 94-131. Гилџус Александер беше прв стрелец со 30 поени, додека Холмгрем стигна до дабл-дабл од 15 поени и 15 скокофи за актуелниот првак на НБА-лигата.

Денвер „осакатен“ од повреди откако на долгата листа отсутни играчи се приклучи и Валанчиунас загуби на гостувањето против Кливленд со 113-108. Екс-шампионот беше на чекор до подвиг, но пресудна се покажа последната четвртина што Кливленд ја доби со 25-11, направи пресврт и стигна до триумф. Мичел со 33 и Вотсон со 21 поен беа најефикасни во победничкиот состав, додека Мареј постигна 36 поени за Денвер, недоволно за позитивен резултат на ова тешко гостување.

Резултати НБА:

Индијана – Сан Антонио 113-123, Вашингтон – Бруклин 119-99, Кливленд – Денвер 113-108, Њујорк – Атланта 99-111, Чикаго – Орландо 121-114, Милвоки – Шарлот 122-121, Њу Орлеанс – Портланд 109-122, Феникс – Сакраменто 129-122, Голден Стејт – Оклахома Сити 94-131, ЛА лејкерс – Мемфис 128-121.

Се вчитува...