Кога е најтешко тука е Димитријевиќ: Блесок за „брејк“ на Уникс и прва победа во финалето

Кошаркарите на ЦСКА Москва ја пропуштија првата брејк топка да дојдат до титулата во руската ВТБ лига, откако денеска на домашен терен го запишаа првиот пораз од Уникс Казањ со 80-96, кој успеа да се врати и да намали во серијата. Сега е 3-1 за московјаните.

Ненад Димитријевиќ беше херојот на Уникс, кој постигна 27 поени и беше убедливо најдобриот стрелец на средбата, за минати речиси 30 минути на теренот.

Клучната беше третата четвртина, која Уникс ја доби со 13-24, и така направи предност која беше недостижна за противникот.

Сега серијата се сели во Казан, каде на 5. јуни Димитријевиќ и неговите соиграчи ќе се обидат дополнително да се доближат до ЦСКА.

Се вчитува...