Новак Ѓоковиќ имаше успешен камбек на тениските терени откако ги надмина проблемите со повредата што еден месец го оддалечи од турнирите. Првиот светски рекет настапи на турнирот во Токио, каде рутински ја мина првата пречка славејќи над Алексеј Попирин со 2-0 во сетови.
Србинот мина на теренот 85 минути, половина час мина во „запознавање на противникот“, за потоа моќно да финишира и да триумфира со 6-4, 6-2.
Негов следен противник ќе биде домашниот тенисер Соеда, кој денеска славеше над Германецот Штруф со 2-1 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА