Реал Мадрид без Бензема, успеа да стигне до три бода на гостувањето кај Гетафе. Миниамалната победа од 0-1 ја донесе Милитао со гол уште во 4. минута од средбата, по асистенција на Лука Модриќ.
„Кралевите“ во 57. минута постигнаа уште еден гол преку Родриго, но истиот беше поништен. Карло Анчелоти не сметаше на оваа средба ниту на Тибо Куртоа кој е повреден, а го остави на клупата и Тони Крос.
Со оваа победа, Реал Мадрид за момент се искачи на првото место на табелата, пред дуелот на Барселона кој се игра утре.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

