Кога голман сака да биде како Меси: Рајан тргна да дрибла, па прими втор гол од Аргентина (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Аргентина прави уште еден голем чекор кон пласманот во 1/4 финалето со вториот гол кој го постигна во 58. минута благодарение на грешката на Метју Рајан, голманот на Австралија.

Откако доби една топка од своите дефанзивци, Рајан тргна да ги дрибла противничките голгетери, по што Алварез му ја одзеде топката и спроведе во празната мрежа. 

Австралија тешко дека ќе се врати по овој шок, со оглед дека не успеа да направи ништо, освен една опасна ситуација кога мораше Мартинез да ја исправа грешката на Отаменди.

Се вчитува...