„Кога говори Жељко Обрадовиќ слушате и да не ви се обраќа вам“

Американецот кој настапува за хрватската кошаркарска репрезентација, Џејлен Смит на средината од претходната сезона го засили Партизан. И покрај тоа што не добиваше шанса на почетокот, искусниот бек успеа да се наметне во „црно-белите“ редови за финишот на сезоната, но и покрај тоа неговата иднина во Белград останува неизвесна.

Смит сега е целосно фокусиран за настапите за храватската репрезентација во квалификациите за Летните олимписки игри во Париз па не сакаше да говори долго на темата „ продолжување на договорот со Партизан“, но даде свој поглед за тренерот Жељко Обрадовиќ за кој говореше во суперлатив.

„Тој е човек кој освои многу и сакав да „упијам“ што е можно повеќе. Кога говори Жељко Обрадовиќ слушате и да не ви се обраќа вам, слушаш внимателно затоа што е мора да знае нешто штом освоил толку трофеи. Се чувствував како одново да ги поминувам кошаркарските основи“, вели Смит.

Се вчитува...