Челси е блиску до официјализација на трансферот на бразилскиот напаѓач Жоао Педро од Брајтон за 60 милиони евра, трансфер кој воедно ќе ја продолжи и искучителната соработка помеѓу овие два клуба во послдените три години, која интересно ќе ја надмине и сумата од 300 милиони евра.
Најскапиот трансфер помеѓу овие два клуба несомнено е Моисес Каиседо кој пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во 2023 година за 133 милиони евра. Во истиот пероден рок нему му се приклучи и Роберт Санчез за 29 милиони евра, а претходно трансфер оствари и Марк Кукуреља во износ од 65 милиони евра.
Овие три реализирани трансфери не се единствените бидејќи Челси во 2022 година го обештети Брајтон за 25 милиони евра за ангажман на Грем Потер, англискиот стратег кој не се задржа долго на „Стемфорд Бриџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

