Екипата на Фленсбург го одбрани трофејот во ЕХФ Лигата на Европа по убедлива победа во Хамбург против Монпелје со 32-25 (19-13).
Кога голманите доминираат, кога имаат свој ден, победата секогаш е на дофат. Херој на завршниот турнир од Лигата на Европа беше Данецот Кевин Мелер, кој во финалето во Хамбург против Монпелје имаше дури 20 одбрани, во второто полувреме во еден момент имаше речиси 60% успешни одбрани.
За разлика од вчерашните две драматични полуфиналиња, во финалето немаше ни најмала сомнеж околу победникот.
Францускиот тим започна добро, водеше со 4-3, а потоа следеше цунамито на тимот од Фленс Арена. Мелер правеше чуда, додека во нападот се истакна данскиот пивотмен Лукас Јергенсен. Уште еден Данец, левото крило Емил Јакобсен, беше фантастичен, Ласе Мелер беше многу подобар отколку во саботата против Мелсунген.
Фленсбург брзо создаде разлика од шест-седум гола, а потоа рутински ја одржуваше предноста за конечна победа.
Ова беше последен трофеј за Швеѓанецот Џим Готфридсон, кој следната сезона се сели во ПИК Сегед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

