Кога Канте ќе ти дојде на пилешко кари…

Пилешко кари. Неколку игри на ФИФА. Омилената ТВ емисија. Вака ја минале вечерта неколку момчиња во Лондон, но друштво им правел освојувач на светската фудбалска титула.

Нголо Канте го пропуштил возот со кој требало да патува за Франција по триумфот на неговиот Челси над Њукасл во премиерлигашката рунда во саботата. Ја нашол најблиската џамија и отишол на вечерна молитва. Таму сретнал фан кој собрал храброст и го поканил на вечера. Симпатичниот Французин прифатил.

Неколку часа останал во домот на момчето кои ги повикало и пријателите. Возбудениот домаќин сподели фотографии на социјалните мрежи.

„Го пропуштил возот, отишол во локалната џамија, бил поканет на вечера, па ја прифатил љубезната покана и е многу благодарен за убавиот гест“ – изјави портпаролот на Челси.

Се вчитува...