Кога ќе каже жената: Ван Гал објави крај на кариерата

Прославениот холандски стратег Луис Ван Гал одлучи да стави точка на својата богата кариера. Ван Гал од 2016 година, по заминувањето од Манчестер јунајтед, не работеше никаде и покрај бројните понуди. Па, во 67-та година од животот се одлучи на пензија.

Одлуката, како што самиот вели, ја донел на наговор на неговата сопруга.

„Готово е, одам дефинитивно во пензија. Немам повеќе амбиции да бидам ниту некако директор, тренер или телевизиски коментатор“ – изјави Ван Гал и дополни:

„Мојата сопруга замина во пензија пред 22 години, за да може секогаш да биде само моја поддршка. И ветив дека ќе се повлечам кога ќе наполнам 65 години. Не можам понатаму. Како што моите играчи имаат право да бидат со мене, истото важи и за сопругата. Пресреќна е поради оваа одлука“.

 

Веднаш по објавата за крај на кариерата, на холандскиот стратег среќа му посакаа бројни европски фудбалери меѓу кои и Маркус Рашфорд кој на 18 години под негово водство доби шанса во Јунајтед.

„Ви благодарам што ми ја отворивте вратата и верувавте во мене. Уживајте во пензија, шефе“ – напиша Рашфорд на својот Твитер профил.

Во својата богата тренерска кариера Ван Гал покрај Манчестер јунајтед, ги водеше и Баерн Минхен, АЗ Алкмар, Барселона, Ајакс како и холандската репрезентација со вкупно освоени 20 трофеи.

Се вчитува...