Кога ќе се глуми ѕвезда, а ќе се испадне „будала“ – Хернандез го остави Милан на цедило

Милан имаше предност од 1-0 и целосна контрола над играта на стартот од второто полувреме против Феенорд, но „росонерите“ сега ги очекува битка до самиот крај по глупоста што ја направи Тео Хернандез.

Левиот бек најпрвин се посрамоти со однесувањето пред крајот на првото полувреме, кога го држеше за дрес, а потоа и го фрли на теренот противничкиот фудбалер Муса.

Французинот го остави својот тим на цедило на самиот старт од второто полувреме, кога доби одлична топка од Леао, но наместо да продолжи кон голот реши да падне во обид да изглуми пенал. Судијата Марчинијак одлично забележа дека немаше никаков контакт, па Хернандез заслужено доби втор жолт картон за глума, веднаш потоа и автоматски црвен.

Се вчитува...