Новак Ѓоковиќ ја мина првата пречка на Мастерс-турнирот во Париз, откако славеше на пресметката со Португалецот Соуза со 2-0 во сетови.
Соуза се покажа како незгоден ривал се до финишот на првиот сет, кога при резултат 5-5 португалскиот тенисер не искористи брејк-шанса. Тој момент беше решавачки бидејќи потоа Ѓоковиќ целосно ја презеде контролата над мечот, најпрвин го доби сетот со 7-5, а потоа целосно доминираше во вториот дел славејќи со 6-1.
Следен противник на српскиот тенисер ќе биде Дамир Џумхур, кој денеска беше подобар од Циципас со 2-0 во сетови.
Најинтересниот меч на денешната програма го одиграа Раониќ и Цонга, трите сета се решаваа во тајбрејк, а на крајот славеше канадскиот тенисер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА