Порто и Олимпик Лион во португалскиот град го играат првиот натпревар од осминафиналната фаза во второто по ранг европско натпреварување, Лигата на Европа. По четириесет минути во првото полувреме мрежите мируват и резултатот е 0-0.
Најинтересната ситуација се случи уште во првата минута во натпреварот кога Лукас Пакета и тоа како настрада откако се удри глава во глава со Пепе. Бразилецот падна како нокаутиран на теренот, додека Пепе само смирено побара да биде укажана лекарска помош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА