„Кога ќе те декласира градскиот ривал седиш дома, не славиш во ноќен клуб“

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд го привлече бесот на навивачите на Манчестер Јунајтед откако по убедливот пораз од 3-0 во градското дерби против Манчестер Сити во ноќен клуб го прослави својот 26-ти роденден. Потегот на Англичанецот го разочара и тренерот Ерик тен Хаг кој го казни седнувајќи на клупата за следниот натпревар против Њукасл Јунајтед.

За целата ситуација сега говореше и легендата на Њукасл Јунајтед и англиската репрезентација, до неодамна фудбалерот со најмногу постигнати погоди во една сезона во елитното фудбалско натпреварување во Англија, Алан Ширер.

„Баш ми е галје дека му било роденден во сабота. Ако ве декласирале со 3-0 и сте одиграле ужасно треба да седите дома. Ни јас сам не знам колку пати имав некој план, а го откажав бидејќи сме претрпеле пораз. Не можев да искочиш да се журкаш во ноќен клуб кога градскиот ривал те победил со 3-0. Маркус направи голем глупост. Без разлика дали ти е роденден или не, нема излегување кога ќе те прегазат“, вели Ширер.

Се вчитува...