Добро е познат темпераментот на најдобриот европски кошаркарски стратег Жељко Обрадовиќ… А, со него добро се запозна сега и Марко Гудуриќ кој изминатово лето го засили европскиот шампион Фенербахче.
Српскиот кошаркар во финишот од синоќешниот дуел на Фенер против Анадолу Ефес во Евролигата постигна значајна тројка за својата екипа, која потоа беше преточена во победа од 81-70. Гудуриќ по таа тројка почна да слави, но на клупата го дочека лутиот Обрадовиќ.
Обрадовиќ знае дека, наспроти офанзивата, победите се обезбедуваат со добра одбрана па беше лут поради лошата игра во одбраната претходно на Гудуриќ против Крунослав Симон…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА