Кога Кире ќе се налути: Овојпат подебелиот крај го извлече Серафимов (ВИДЕО)

Македонската репрезентација има голема негатива од 11-18 по првото полувреме од премиерниот меч на СП 2023 против селекцијата на Норвешка. Избраниците на Кире Лазаров дваесетина минути сосема солидно му парираа на фаворитот, но Норвешка фуриозно го одигра финишот од полувремето, создавајќи си одлична предност во пресрет на вториот дел.

Една од ситуациите кои го одбележаа првото полувреме е реакцијата на селекторот Кирил Лазаров на исклучувањето на Мартин Серафимов. Лазаров веќе во Алкалоид годинава покажа дека знае и тоа како да „подиви“ на клупата, а овојпат „подебелиот крај“ го извлече младиот бек.

 

 

Се вчитува...