Кристијано Роналдо уште еднаш се покажа како лош губитник, откако португалскиот голгетер ги загуби нервите во второто полувреме од гостувањето против Република Ирска и доби директен црвен картон.
Португалците беа во негатива од 2-0 уште од првото полувреме, во вториот дел се мачеа да искреираат стопроцентна шанса, а исфрустрираниот Роналдо бесот го исфрли врз Колинс, дивјачки удирајќи го ирскиот дефанзивец во шеснаесетникот.
Судијата најпрвин покажа жолт картон, но при прегледувањето на снимката го смени мислењето и на крајот ја исклучи португалската суперѕвезда. Тоа не беше и крај на скандалозното однесување на Кристијано, кој пред да го напушти теренот го провоцираше цел стадион симулирајќи дека се „плачковци“ што го изнудиле неговото исклучување.
Срамното однесување на Роналдо при напуштањето на теренот, како и повторената снимка од фаулот за црвен картон можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Cristiano Ronaldo reacts moments before receiving the first red card of his Portugal career in 226 appearances 😬 pic.twitter.com/8p4poLlDhk
— ESPN UK (@ESPNUK) November 13, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

