Мешков Брест на оргинален начин го прослави својот прв пласман во Топ 16 во Лигата на шампионите. Во осминафиналето од ЛШ, белорускиот влегува во распеано. Ракометарите и стручниот штаб на Мешков Брест ја снимија песната „Различни“ и со симпатичен спот му се претставија на ракометниот свет и во малку поинакво издание.
Белорускиот шампион во борба за четвртфинале во ЛШ ќе игра против Флензбург, а во четвртфиналето, победникот од овој дуел го чека Вардар.
Погледнете како изгледа “различниот“ Мешков Брест кога тренерот Бебешко пее, а големиот Кристопанс танцува во ритам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА