Кога лавот ќе се разгоропади – Хет-трик за 30. минути како одговор на нападите по елиминацијата од Порто (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо покажа зошто повеќе од 15 години е на врвот во светот. По елиминацијата на Јувентус од Лигата на шампионите на Порто, јавноста го посочи како главен кривец поради тоа што беше лошо поставен на слободниот удар кој значеше елиминација.

Тој по неколку дена молк излезе со изјава дека „Вистинските шампиони никогаш нема да бидат скршени“. И токму тоа го покажа уште на првиот натпревар, откако за 30. минути успеа на Калјари да му даде три гола.

 

 

 

 

Се вчитува...