Да се биде лидер значи да се преземат работите во свои раце кога е најтешко, а токму тоа го стори Лука Дончиќ во завршницата од мечот со Хјустон рокетс.
Можеби е млад и има стаж од неполни три месеци но Словенецот се претвора во нова ѕвезда по блесокот против „Харден и компанија“, на кои им даде 11 поени во последните пет минути и му ја донесе победата на својот Далас.
Американците објавија и видео од фуриозниот финиш на Дончиќ со назив „Лука Дончиќ се претвори во Мајкл Џордан“, потсетувајќи се дека најдобриот кошаркар во историјата своевремено на ваков начин ги добиваше натпреварите на Чикаго булс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

