Кога Мајкл Овен говореше, сите му се смееја: Сити ќе се мачи да биде во Топ 4 сезонава…

Манчестер Сити е во неверојатна криза за која Пеп Гвардиола нема решение, целокупната англиска јавност е шокирана од она што му се случува на тимот кој долго доминираш во Премиер-лигата, но тоа не важи и за Мајкл Овен.

Легендарниот голгетер уште пред почетокот на сезонава храбро прогнозираше дека не само што доминацијата на „граѓаните“ ќе биде прекината, туку и дека овој тим ќе биде далеку во битката за трофеи.

„Сити со години делува незапирливо, но таа неверојатна серија мора еднаш да заврши. Мислам дека ќе се мачат оваа сезона, ќе им биде многу тешко, но на крајот ќе се изборат за Топ 4“, гласеше изјавата на Овен за која многумина му се потсмеваа на поранешниот голгетер на Ливерпул, Њукасл и Манчестер Јунајтед…

Се вчитува...