Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години ја оствари првата, и мошне убедлива победа на Европското првенство – Б дивизија, што се одржува во Ирска. Младите македонски кошаркарки ја совладаа Молдавија со убедливи 77 поени разлика (124-47) и го избегнаа последното место на табелата во групата Д.
Уште во првата четвртина, Македонија покажа дека е неколку класи поквалитетна од селекцијата на Молдавија и поведе со 37-15. На полувреме веќе имаа предност од 61-29. И во продолжението македонските кошаркарки беа надмоќни и на крајот славеа со 124-47.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА