ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Македонија остана непоразена во пресметката со четвртата репрезентација од последното светско првенство. Португалците пред два дена лесно ја декласираа Романија, кога поведоа со „плус пет“ на стартот од второто полувреме помислија дека им е завршена работата и вечерва.
Само што, Кире Лазаров и неговите избрании имаа поинакви планови. И на дело покажаа дека македонското срце може да биде поголемо и балканскиот менталитет и навиките за предвремено откажување при значителна резултатска негатива.
Го имавме феноменалниот Кузмановски, во финишот на голот блесна и „пантерот“ Томовски, се вративме до егал, со малку среќа ќе имавме и напад за победа… На крај, ремизиравме во меч во кој од многумина бевме отпишани уште пред да почне, а фактот дека по ова реми чувствуваме горчина и тага најдобро говори каков е менталитетот што оваа репрезентација го пренесува врз целокупната јавност.
И затоа, момците заслужија оваа данска бајка да продолжи… и сигурно нема да се предадат до последната минута во последното коло против Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА































