Веќе долго време се шпекулира дека Бернардо Силва би можел да ја засили Барселона. Но, овој тим има проблеми со финансискиот фер-плеј, па се помали се шансите дека трансферот на Португалецот на „Ноу Камп“ ќе се случи.
Во меѓувреме интерес за Силва има од Саудиска Арабија, а во последно време се повеќе се интересира и тимот на ПСЖ. Најсилен адут за доаѓањето на Силва во Париз е неговиот агент, Мендеш кој има добри односи со „светците“, со оглед дека пред неколку дена го направи трансферот на Марко Асенсио.
Вредноста на Силва во моментов се проценува на 80 милиони евра. Сити ќе се согласи за таа сума да го пушти својот играч, кој беше еден од клучните играчи за освојувањето на пехарот во Лигата на шампионите на „граѓаните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА