Јувентус не може да крене глава од проблеми, тимот дефинитивно остана без шанса за пласман во Лигата на Шампионите што ќе значи милионска загуба, а згора на тоа на „старата дама“ и пропадна и веќе договорен трансфер од кој требаше да заработи 34 милиони евра.
Станува збор за Винстон Мекени, американскиот репрезентативец кој во јануари замина на позајмица во Лидс јунајтед, а во договорот имаше клаузула според која Лидс беше обврзан целосно да го откупи договорот за 34 милиони евра доколку опстане во Премиер-лигата. Завршницата во елитното англиско друштво беше разочарувачка за клубот од „Иланд Роуд“, кој испадна од Премиер-лигата, па Лидс дефинитивно нема да го задржи Мекени во своите редови.
Американецот воедно одигра далеку под своите можности за оваа екипа, што ќе придонесе уште повеќе да падне неговата вредност на пазарот. Јувентус секако ќе се обиде да го продаде Мекени во текот на летниот преоден рок, но сега е речиси невозможно да се најде купец за сума повисока од 25 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА