Шкендија не заслужи пораз од Мура во првиот натпревар од првото квалификациско коло за ЛШ, но кога не се користат шансите тогаш во фудбалот секогаш следи казната. Па Словенците со минимална победа од 0-1 се враќаат дома, со предност пред реваншот за седум дена.
Тетовци во 90 минути на дуелот на „Тодор Проески“ со вкупно 23 испратени шута кон голот на Мура, од кои осум во рамкуте на противничкиот гол, но сепак не успеаја да ја затресат мрежата. Бесарт Ибраими во финишот на првото полувреме не реализираше и удар од белата точка.
Наспроти тоа, Словенците имаа вкупно само 8 шута кон голот на Шкендија, од кои само два во рамките на голот на Захов, но постигнаа еден гол од пенал доволно за голема победа која им носи сериозна предност за реваншот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА