Кога нема фудбал, Сон ќе служи војска во Јужна Кореја

Асот на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин, ќе ја искористи паузата во Премиер-лигата за да ја изврши обврската за воен рок во Јужна Кореја. Голгетерот на „спарси“ ја предводеше својата репрезентација до злато на Купот на Азија, со што се спаси од обврската да служи воен рок во времетраење од 21 месец.

Сепак, остана обврската за „скратен војнички режим“ во времетраење од четири седмици, што Сон планира да ја исполни во наредниот период. Тој веќе заминал за Сеул и се наоѓа во карантин, а по завршувањето на 14-дневната изолација ќе замине во војска.

Со оглед на фактот дека Премиер-лигата нема да продолжи до крајот на месец мај, Кореецот ќе има доволно време за враќање во Англија и приклучување на подготовките на Тотенхем, кога ќе биде донесена одлука за такво нешто.

Се вчитува...