Андреј Јакимовски и Тренто убедливо ја завршија оваа 2025 година, лесно славејќи на последниот меч од Еврокупот во кој на домашен терен го пречекаа тимот на Лондон лајонс, совладувајќи го со 85-73.
Италијанскиот тим се мачеше во првата четвртина во која постигна скромни 13 поени (13-18), но штом го најдоа ритамот во нападот Јакимовски и соиграчите до крајот на полувремето се вратија резултатски, а во второто полувреме се одлепија резултатски и стигнаа до двоцифрен триумф.
Ова беше четврта победа во низа за Тренто во Еврокупот, со што тимот на Јакимовски се наоѓа на делба на третото место во групата со Турк Телеком, со идентичен скор 7-5.
Македонскиот ас не беше премногу шутерски рапсоложен, реализираше пет поени, но затоа доминираше во рекетот со 13 скокови, а имаше и две украдени топки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

