Кога Работнички ќе се разигра… (фотогалерија)

Работнички заигра како вистински шампион, па во дерби-натпреварот од 19. коло го совлада тимот на Блокотехна со убедливи 94-77, доволен доказ дека тимот на Марин Докузовски влегува во посакуваниот ритам токму во клучниот дел од сезоната.

Гостите од Гевгелија поради напорниот распоред беа далеку од своето вообичаено ниво, а квалитетен и искусен тим ако Работнички знаеше како тоа максимално да го искористи. Стајиќ погаѓаше кога не им одеше на останатите, потоа шутерско шоу почна Јанески, а кога е разигра и Чавдар Костов… јасно беше дека на тимот на Блокотехна му нема спас.

 

Се вчитува...