Кога репрезентацијата е во крвта: Елиф Елмас „на клупа“ и на тренингот на националниот тим – поддршка за овој состав! (ФОТО)

Еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата Елиф Елмас „повторно на клупа“… Сега и во македонската репрезентација, откако пред само два дена се пошегува на своја сметка дека сезонава некако е повеќе на клупата и во дресот на италијанскиот Наполи.

Но, овој пат „од клупа“ и денеска на тренинг-центарот на ФФМ во Скопје следејќи го првиот собир на националниот тим, како поддршка на македонската репрезентација составена од домашни фудбалери која на 22. октомври ја очекува пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија во Абу Даби.

Елиф Елмас, кој покрај тоа што е најдобар на терен, отворено ја демонстрира својата големина и надвор од него, посебно кога е неопходна да се даде поддршка на репрезентацијата во секое време. Не е овој пат во составот на националниот тим поради тоа што Македонија со фудбалери од домашното првенство ќе патува во Саудиска Арабија, во обидот секој од нив да се избори и за повик за квалификациите за ЕП 2024. Но, е тука со националниот тим и со отворена поддршка како дополнителен мотив за секој од повиканите фудбалери за овој собир. Онака како што доликува на лидер на националниот тим!

Со смеа македонскиот „дијамант“ го прифати и дофрлувањето од репортерот на ЕКИПА, дека „ете и тука е повторно на клупа, иако не го заслужува тоа“. Како што не заслужува да биде и на клупата на Наполи!

Елмас вчера одигра квалитетни 20 минути во тимот на Наполи, како дел од замените на Спалети кои ја донесоа победата за наполитанците. А веќе денеска е во Скопје заедно со репрезентацијата. Кога националниот тим е во крвта и вистински ви значи!

Се вчитува...