„Кога Рома ме исконтактира почувствував страст и се разгоре оган во мене – веднаш прифатив!“

Најконтроверзниот менаџер на светот, Жозе Мурињо од пред повеќе од еден месец е нов тренер на италијанска Рома, трансфер кој бомбастично одекна на Апенините, па Португалецот полека се фаќа за работа за својата нова авантура, после неуспехот во лондонски Тотeнхем каде доби отказ.

Мурињо за италијанските медиуми сега првпат проговири како така експресно прифати да биде тренер на калчолигашот од „вечниот град“, кој нема титула веќе две децении, од 2001 година.

„Рома така силно ме посакуваше и верувајте сѐ ептен брзо се заврши. Јас утрото се разделив со Тотенхем, а веќе попладнето се јавија од Рим. Рома веќе 20 години ништо крупно не освои, но има нови газди и тие сфатиле дека пред нив е ново поглавје во кое ќе им треба човек со големо искуство. Многу беа искрени кон мене, а јас веднаш почувствував страст. Не се двоумев долго, зашто бев воодушевен од нивниот пристап. Тоа како да разгоре оган во мене и сега повторно сум во ‘невозможна мисија’. Ова го велам зашто луѓето ме гледаат како единствен критериум за оценка на успехот – победите“, вели Мурињо.

Португалецот со Порто во 2004 и со Интер во 2010 година стана европски првак, а беше тренер и на Челси, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Тотнем.

Се вчитува...