Георги Минунгу е фудбалер од Брегот на слоновата коска кој настапува во МЛС-лигата за тимот на Сиетл, кој го привлече вниманието на јавноста откако беше обелоденето дека овој напаѓач воопшто не гледа на едното око, но сепак има одлична фудбалска кариера за еден 22-годишник.
Минунгу важеше за голем талент, но пред две години се соочи со огромен здравствен проблем – добивајќи тешка инфекција на левото око за време на тренинг-кампот во Шпанија, по што и целосно го загуби видот.
Се очекуваше трагичен крај на кариерата, но младиот фудбалер остана доследен и максимално мотивиран, продолжи да работи и си обезбеди трансфер во Сиетл, каде досега има 35 настапи и важи за наследник на ветеранот Оливие Жиру.
Тој дури и настапи на клупскиот мундијал што се одржува во САД, играјќи против екипата на Атлетико Мадрид.
„Тоа воопшто не ми пречи. Навистина, ништо не гледам со левото око, но гарантирам дека играм подобро оние кои перфектно гледаат со двете очи. Тоа е мојот менталитет, нешто што ме прави посилен“, коментира Минунгу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

