Кога Столе брани, Валенсија најчесто победува (ВИДЕО)

Најдобриот македонски голман на денешницата, Столе Димитриевски и неговата Валенсија славеа со 3-2 на домашен терен против Еспањол во натпревар од 21. коло од шпанската Ла лига.

Домаќините поведоа со 1-0 со погодокот на Дуро во 15. минута. Гостите израмнија на 1-1 преку Тератс во 55. минута. Ново водство за домаќинот донесе Комерт во 59. минута, додека со автоголот на Копете во 80. минута гостите повторно стигнаа до нерешено 2-2.

Конечните 3-2 беа дело на Рамазани од пенал во 94. минута.

Valencia 2-[2] Espanyol – Urko Gonzalez 79'
byu/Puzzled-Category-954 insoccer

Се вчитува...