Кога веќе се губи, барем нека има жар и борба (фотогалерија)

Женската ракометна репрезентација со нов пораз на домашен терен, овојпат од Шведска, покажа колку сме далеку од нивото кое го играат сериозните национални селекции во овој спорт.

Воопшто не е проблем да се загуби од фаворит како Шведска, но загрижува што тоа се случува без борба, а ракометарките разликата во квалитет воопшто не ја намалија со карактер, борбеност и желба за докажување.

Јасно е, врвот е предалеку, преголем избор на ракометарки ионака немаме, па селекторот Симовски ќе мора час поскоро да најде начин да го извлече максимумот, за кој сме убедени дека не е ова денешно издание. Во спротивно, Македонија ќе продолжи да тоне во потпросечноста на женскиот репрезентативен ракомет.

Се вчитува...