„Кога видов како десницата на Тајсон оди кон мене, животот ми прелета пред очи“

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон ја воодушеви јавноста откако во петокот сподели видео на кое се гледа дека тренира како во најдобрите денови. Спаринг партнерот на Тајсон од тренингот Рафаел Кордеиро кој работи со ММА борци, вели дека не се чувствувал баш добро во текот на спарингот со „Челичниот Мајк“.

„Не знаев што да очекувам бидејќи Мајк десет години веќе не е професионалец. Бев изненаден кога видов дека има брзина како на почетокот на кариерата. Кога првпат десницата тргна кон мене, животот ми прелета пред очите. Ги видов сопругата, ќерките, кучето“, изјави Кордеиро. 

 

Се вчитува...