Бразилскиот фудбалер од средниот ред Каземиро, откри интересни детали од последната средба со Карло Анчелоти, кога му соопштил дека ќе замине во Манчестер Јунајтед.
Каземиро веќе бил договорен со Јунајтед, и влегол во канцеларијата на Италијанецот да му ја соопшти конечната одлука.
„Кога беше се готово со Манчестер Јунајтед, влегов во канцеларијата на Анчелоти, тој почна да плаче. Ми рече: Не ја знам причината, но сакам да кажам дека те сакам. Не сакав да заминеш. Тоа беше единствениот момент кога изразив каење што си заминувам од Реал Мадрид“, рече Каземиро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА