Четвртото коло од Првата кошаркарска лига ни донесе шест одлични натпревари во Скопје, Гостивар, Гевгелија и Битола, а на најголемиот дел од нив тимовите беа расположени во обидите за три поени. Струмица, ТФТ, Феникс 2010 и Пелистер ја наминаа двоцифрената граница на постигнати тројки, а тоа им го олесни патот до победа.
Најмногу обиди за три поени беа постигнати на мечот со вкупно 215 поени во „Боро Чурлевски“ каде Пелистер 12 пати, а Струмица 16 пати реализараше зад линијата 6,75. ТФТ во „Кале“ го „торпедираше“ Еуро Никел со 15 обиди од кои шест му припаднаа на Лахлан Андерсон, а на истото место Феникс 2010 постигна 12 тројки против Куманово.
Останатите тимови не можеа да се пофалат со голема успешност во овој сегмент од играта, но придонесоа за вкупно 101 постигната тројка во едно коло.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

