Дејан Георгиевски е новиот македонски спортски херој, момчето од Скопје кое испиша историја обезбедувајќи пласман во големото финале во таеквондо во категоријата над 80 килограми, на Олимписките Игри во Токио.
Сребрениот медал е веќе „во џеб“, Георгиевски попладнево го очекува битка со Русинот Ларин за златото, а во пресрет на големото финале – еве мало потсетување со колкав оптимизам нашиот ас отпатува за Токио.
„Пред се сакам да се заблагодарам на сите за огромната поддршка. Таму се најдобрите 16 во мојата категорија, конкуренцијата е пеколна, но се имам борено со повеќето од нив и доста ги имам победувано. Секако, јас сум сигурен дека можам да победам секого на овој медал и ветувам дека ќе донесам медал. Секако, ова е спорт, се може да се случи, но со Господ напред и здравје само, јас сум сигурен дека ќе ја израдувам нашата држава со медал“, порача Георгиевски.
Оптимизмот секогаш е убава работа, но кога зборовите ќе се претворат во дела, а со нив ќе се израдува цела нација, дефинитивно, не постои ништо подобро…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА