Симона Халеп се приклучи на честитките кон Роџер Федерер откако Швајрецот стигна до 100 трофеи во својата АТП-кариера. Романската тенисерка не крие дека е голем фан на Федерер, со кого минатата година на Австралија опен ја имаше и првата заедничка фотографија.
Халеп во едно интервју одговараше на низа интересни прашања, а кога слушна „Кој тенисер би го земале со себе на пуст остров“ – без размислување одговори: Роџер Федерер.
„Тоа е Федерер, бидејќи ми се допаѓа и како личност и како тенисер. Би било убаво да се мине време со најдобриот, да се научи нешто“ – одговори Халеп.
Романката загуби во четвртото коло од Австралија Опен од Серена Вилијамс, потоа беше поразена и во четвртфиналињата во Доха и во Дубаи, по што остана на второто место на ВТА-листата, зад Наоми Осака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА